Душко Василов Еремоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Се занимавал со земјоделие. Како симпатизер на Народноослободителното движење во септември 1943 година заминал партизан во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред, а од ноември 1943 година станал борец во Првата македонско - косовска бригада. Со Бригадата учествувал во познатиот Февруарски поход каде се истакнал како храбар борец. По враќањето на Бригадата од Егејскиот дел на Македонија во летото 1944 година, бил фатен од балистите во една куќа во Кичево и бил убиен во септември 1944 година.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ