V598 Крма (Puppis) ― името дадено за новата во галаксијата Млечен Пат. USNO-A2.0 0450-03360039, каталошки број за ѕвезда, која била откриена дека е многу посветла од нормално во емитувањата на X-зраци на 9 октомври 2007 година, од страна на XMM-Њутн телескопот на Европската вселенска агенција. На крајот, ѕвездата била потврдена за 600 пати посјајна од нормалната со телескопот Магелан-Клеј во опсерваторијата Лас Кампанас во Чиле.

Новата е службено именувана како V598 Крма (Puppis) и е „една од најсветлите речиси една деценија“. И покрај нејзината осветленост, новата очигледно била пропуштена од аматери и професионални астрономи сè додека XMM-Њутн не го забележал необичниот извор на Х-зраци додека се вртел од една цел на друга. Сенебесното автоматското истражување утврдило дека таа нова се случила на 5 јуни 2007 година.

Наводи

Категорија:2MASS-објекти Категорија:Астрономски тела откриени во 2007 година Категорија:Променливи ѕвезди со ознаки Категорија:Крма (соѕвездие) Категорија:Нови