Славко Митанов Јованоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Спомен обележје за паднатите борци и цивилни жртви во и од Малкоец, меѓу кои е ѝ името на Славко Јованоски.
Животопис По занимање бил земјоделец. Кога бил основан Кичевско - мавровскиот партизански одред во пролетта 1943 година, и кога бил извршен нападот на возот на Пресека, Славко стапил во неговите редови. Со Одредот учествувал во повеќе дејствија низ Копачијата, а кога била нападната четата на Мирко Милески на Буковиќ на 1 октомври, Славко бил упатен на Буковиќ со засилување, но бил фатен од балистите, донесен во Кичево и стрелан на 3 октомври 1943 година во близина на касарната.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ Соколе Јованоски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ