Борје () — горанско село во областа Гора, денес во Општина Кукуш, североисточна Албанија. На пописот од 2001 година, селото имало 950 жители.

Географија Селото се наоѓа во албанскиот дел областа Гора, во јужните пазуви на Коритник.

Историја По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Борје (Бо̀рье) било македонско село со 150 куќи.Младенов, Стефан. Пътешествие из Македония и Поморавия, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 184.

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев отбелязва Борье како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.

Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Борје (Борйе) било село со 130 куќи на Македонци муслимани.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров

Сè до 2015 г. селото било во состав на општината Шиштавец.

Личности Родени во Борје Зехрудин Докле (р. 1952) — глумец, режисер и преведувач Назиф Докле (1945 – 2014) — јазичар и фолклорист

Други Намик Докле (р. 1946) — политичар со потекло од Борје

Наводи

Категорија:Гора Категорија:Кукуш (општина во Албанија) Категорија:Села во Албанија