Лубе Ѓорѓиов Јоноски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис По занимање бил пекарски работник и работел во Белград, од каде по окупацијата се вратил во своето село. Како напреден младинец, започнал да работи во народно ослободителниот одбор во селото. Во есента 1943 година се приклучил во Групата баталјони, а подоцна ѝ во Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата бил во егејскиот дел на Македонија, од каде, по борбите кај Богомила, со дел од Бригадата се вратил на кичевскиот предел. Неговото враќање во селото, било откриено од страна на балистите кои го фатиле и го предале на бугарските фашистички полицајци во Брод, а тие го убиле во април 1944 година.
Поврзано
Размена Јоноска Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Починати во Македонски Брод Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ