:За планинскиот врв на Китка, видете Китка (Китка).
Китка () — врв на Осоговските Планини со височина од 1327,6 м. Низ него минува границата помеѓу Македонија и Бугарија.
Најблиски населени места се Мала Црцорија (маалото Белавинци) од македонска странаБелавинци — GeoNames и Жеравино (поточно неговата Чергарска Маала) од бугарска.Чергарска махала — GeoNames
Според некои извори Китка е најзападната точка на Бугарија.БАН, „География на България: Физическа и социално – икономическа география“. ФорКом, С., 2002Пенин, Румен, „Природна география на България“. Булвест 2000, С. 2007 На врвот се наоѓа граничната пирамида број 105. На околу 800 метри во правец запад-северозапад е граничната пирамида бр. 106, во која е тромеѓата помеѓу Македонија, Бугарија и Србија, што би значело дека Китка не е најзападната точка во земјата. Во 2015 г. е утврдено дека вистинската најзпадна точка на Бугарија е седло кај врвот Вршка Чука () во Видинската област, на крајниот северозапад од државата.
Поврзано Осогово Македонско-бугарска граница
Наводи
Категорија:Врвови во Македонија Категорија:Врвови во Бугарија Категорија:Осогово Категорија:Мала Црцорија Категорија:Општина Ќустендил Категорија:Македонско-бугарска граница