„Паробродот Бил Помладиот“ (англиски: Steamboat Bill, Jr.) — американски филм од 1927 година, во режија на Чарлс Рајснер (неговиот прв самостојно продуциран долгометражен филм). Главните улоги ги толкуваат: Бастер Китон, Ернест Торенс и Марион Бајрон.
Синопсис По даденото ветување на мајка си, Вилијам Канинг Помладиот заминува да се запознае со својот татко кого не го видел уште од времето кога бил мало дете. Младиот Канинг не е онаков како што очекувал татко му, кој пак има големи проблеми, зашто е избркан од работа од страна на Ј. Ј. Кинг, кој не само што е сопственик на локалниот хотел и на банката, туку неодамна го претставил и новиот пароброд кој потполно ќе го посрамоти стариот брод на Канинг Постариот. Во меѓувреме, Вилијам Канинг Помладиот се вљубува во Кити Кинг, ќерката на Ј. Ј. Кинг. Кога реката ќе ја зафати голема бура, Вилијам Помладиот ги спасува Кити, нејзиниот и својот татко.РТС, Пароброд Бил млађи (пристапено на 2.1.2021)
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Неми филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови од 1928 година Категорија:Филмови на Чарлс Рајснер Категорија:Филмови со Бастер Китон Категорија:Филмови со Ернест Торенс Категорија:Филмови со Марион Бајрон