Пиљски Водопад (или Пиљ) ― четврт по висина водопад во Србија со висина од 64 метри. Висина водопада , Пристапено 18 септември 2021. Се наоѓа во југоисточна Србија, на околу четири километри јужно од селото Топли Дол на Стара Планина. Сместен е во многу непристапен и шумски предел под врвот Пиљ (1.467 метри) на Пиљски Поток. Поради својата оддалечност бил откриен во 2002 година, а до тогаш за него знаело само месното население.

Водопадот се состои од двете каскади „Горни Пиљ“ (пониска) и „Долни Пиљ“ (повисока). Се наоѓа на надморска височина од околу 1.450 метри. Водопадот на дното создава голем вител. Во непосредната близина се и водопадите Чунгуљски Скок и Куртулски Скок.

Галерија

Наводи

Категорија:Водопади во Србија