Стојан Миладинов Крстески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Роден е во семејство кое претежно се занимавало со земјоделство. Поради големата сиромаштија, заминал на печалба во Белград, но по нападот на Југославија од страна на Германија, се вратил во своето село каде активно се вклучил во народно ослободителното движење и станал член на СКОЈ. Во летото 1943 година, тој доброволно стапил во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред, а потоа во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата заминал за егејскиот дел на Македонија, во познатиот Февруарски поход. Загинал кај селото Никодин во февруари 1944 година, во борба против бугарските окупатори.
Поврзано
Ангеле Крстески Драгана Крстевска Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ