Цветан Ристев Кузманоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Бил печалбар, а по занимање пекарски работник. Во НОВ на Македонија, тој стапил во редовите на Петнаесеттата македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Кичево. Загинал во борбите против балистите, во ноември 1944 година во близината на селото Колари.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ