Пијавица (, старо: Πιαβίτσα, Μπιάβιτσα) — планина на Халкидик, Егејска Македонија. Највисок врв е Манџука со 918 м.

Опис Планината е сместена во североисточниот дел на Халкидичкиот Полуостров. Претставува долга ниска планина која почнува западно од селото Извор.

На картите на Кондогонис (1914) и на Грчката военогеографска служба од 1927 г. планината е обележана како Бијавица или Стратоникон (Μπιάβιτσα ή Στρατόνικον), а на поновите карти на службата (1934 и 1949) е Пијавица или Стратоникон (Πιαβίτσα ή Στρατόνικον). На север реките Мавролакос и Докос ја двојат од планината Сугљани, а на југ се граничи со Холомонда.

Карпите се сочинети од гнајсови и амфиболити. Планината е покриена со шуми од бука, даб, костен и чинар, и вклучена е во мрежата на заштитените подрачја Натура 2000.

Искачувањето трае околу еден час од планинскиот пат од селото Олимпијада (10 м) кон Варвара (560 м) или Ново Село (570 м).

Врвови Ова е список на врвовите на Пијавица подредени по висина: Име Грчки Висина(м) Местоположба Манџука Μαντζούκα, Κοντάρι 918 СЗ од Казанџи Маала и ЈЗ од Варвара Стрембеник Στρεμπενίκος 868 С од Казанџи Маала Турла Τούρλα 829 С од Ново Село Балбузани Μπαλμπουζάνη, Σπάθα 820 СЗ од Казанџи Маала и ЈЗ од Варвара Свети Илија Προφήτης Ηλίας 806 С од Ново Село Праматевтис Πραματευτής 800 СЗ од Казанџи Маала и ЈЗ од Варвара Керасија Κερασιά 785 СИ од Извор Бигла Βίγλα, Σκοπός 760 ЈИ од Стано Цуцула Τσουτσούλα, Τσούτσουλα 746 И од Стано Гросија Γρόσια, Αετορράχη 740 И од Варвара Древеник Δρεβενίκος 727 Ј од Варвара Бостануди Μποστανούδι, Αητοκορφή 720 С од Ново Село Куцумбос Κουτσουμπός 702 С од Казанџи Маала и Извор Слава Нива Σλαβανίβα, Μύτη 696 И од Варвара Калотихо Καλότυχο, Καλοτείχος 687 СЗ од Стратони Склитра Σκλήθρα 680 СЗ од Ново Село Главина Κλαβίνα, Γερακίνα, Μύγδω 650 З од Варвара Бара Μπάρα, Στενή 631 СИ од Стано Мармара Μάρμαρα 589 СИ од Стано Ливадудија Λιβαδούδια, Λειβάδι 578 З од Варвара Бозјарос Μπόζιαρος 516 СЗ од Варвара

Поврзано Мадемско Халкидик

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Аристотел (општина)