Калуѓер или Калугер (, ) — планина во Долна Преспа, на границата меѓу Албанија и Грција, односно македонските области Мала и Голема Преспа (егејскиот дел). Практично претставува срт на Сува Гора.

Опис Планината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Егејскиот дел на планината влегува во Националниот парк „Преспа“ и е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000. По планината минува албанско-грчката граница со граничните пирамиди бр. 1 - 10. Највисок врв е истимениот Калуѓер (1.480 м), кој е на албанска територија. На југ превојот Урида го двои од сртот Слива (гран. пирамида бр. 12).

Во геолошки поглед, планината е сочинета од варовнички карпи.

Врвови Врвовите на планината, дадени по висински редослед, се следниве: Име Албански/Грчки Висина(м) Местоположба Земја Калуѓер Kalugerit 1.480 во западниот дел Коно Κώνος, Κόνο 1.427 во источниот дел, гранична пирамида бр. 4 , Лофка Lofkë 1.408 во западниот дел Церо 1.341 во средишниот дел, гранична пирамида бр. 3 , Марица Μαρίτσα 1.334 во источниот дел Градо Γκράντο, Μέγα 1.312 во источниот дел Вицари Нивје Βιζαρονίβιε, Βιζαράνια, Βιζαρόνιο 1.214 во средишниот дел, гранична пирамида бр. 2 ,

Поврзано Сува Гора Мала Преспа

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Албанија Категорија:Преспа (општина) Категорија:Пустец Категорија:Девол Категорија:Албанско-грчка граница