Ацко Велев Маркоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис По занимање бил земјоделски работник. Во НОВ на Македонија, стапил во редовите на Петнаесеттата македонска ударна бригада во есента 1944 година. Со Бригадата, тој учествувал во борбите за конечното ослободување на Кичево на 15 ноември 1944 година. Во борбите против балистите кај селото Зајас, тој бил тешко ранет од каде бил пренесен во болница во Битола, но по кусо боледување починал.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ