Од каде доаѓаме? Кои сме? Каде одиме? () е слика на француски уметник Пол Гоген.
Сликата е создадена во Тахити и се наоѓа во Музеј за ликовни уметности во Бостон, Масачусетс, САД.
Таа е едно од најзначајните дела на Гоген, сликата се смета за „филозофско дело споредливо со темите на Евангелијата“.
Стил и значење Сликата е значајна по својата загадочна тема и атмосфера. Некои научници ги припишуваат овие квалитети на личните конфликти што Гоген ги имал при создавањето на ова уметничко дело. Сликата го има специфичниот стил на Гоген и во контекст на пост-импресионистички стил. денес таа се смета за една од суштинските слики и дела на уметноста од крајот на деветнаесеттиот век.
Тема Трите стуткани жени со дете што спие десно го претставуваат почетокот на животот; средната група ја симболизира зрелата доба; во последната група, според уметникот, „старица што се приближува кон смртта се појавува помирена и одадена на своите мисли“; пред нејзините нозе, „чудна бела птица ... ја претставува залудноста на зборовите“ или „бескорисноста на суетните зборови“. Наводи
Категорија:Симболични слики Категорија:Слики од Пол Гоген Категорија:Уметнички слики од 1897–1898 година Категорија:Музеј на убавите уметности Бостон