Vahine no te vi - Жена со манго е слика од 1892 година на Пол Гоген, моментално во колекцијата на Музејот на уметност во Балтимор.

Тоа е едно од најраните од седумдесетте слики што ги направи за време на неговата прва посета на Тахити. Woman of the Mango Vahine no te vi 1892 By Paul Gauguin

Стилски, ова дело, ја најавува севкупната негова стилистичка ориентација која покрај таинствената стилистика, во колоритот и во третманот на мотивите го најавува неговиот ликовен опус со кој го обележал пост-импресионизмот создаден на Тахити.

На сликата е прикажана Техамана или Техура, „сопруга“ на Гоген и мајка на неговото дете. Гоген се вратил во Париз пред раѓањето на детето и додека се вратил, Техура се омажила со тамошен домородец , со кого го воспитувала детето.

Наводи

Категорија:Слики од Пол Гоген Категорија:Уметнички слики од 1892 година