Цуцул (дијалектно: Цуцуљ) или Рамница (, Τσουτσού, понекогаш Βροντερό, Врондеро по новото име на селото Граждано) — планина во Долна Преспа, Егејска Македонија. Практично претставува срт на Сува Гора.
Опис Планината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Вклучена е во Националиот парк „Преспа“. Највисокиот врв Цуцул се издига на 1.455 м. На североисток е одвоена од планината Дева со реките Сотеска и Доскохангла.
Во геолошки поглед, Цуцул е сочинет од варовнички карпи. На север-северозапад од Трново има голема пештера. До врвот се стасува од Граждано за околу 2 часа.
Врвови Врвовите на планината, дадени по висински редослед, се следниве: Име Грчки Висина(м) Местоположба Цуцул Τσουτσουλί 1.455 во источниот дел, источно над Граждано Рамница или Голема Чука Ράμνιτσι, Δαφνομήλης 1.330 во средишниот дел Шестар Σίσταρ, Φουντωτό 1.304 источно над Граждано Курила Κουρίλα 1.240 во средишниот дел Порти Πόρτες 1.195 во северниот дел Велика Глава Λοχαγού Δημ. Ραΐση 1.157 во северниот дел Скраци Σκαράτσι 1.107 во источниот дел, над Малото Преспанско Езеро
Поврзано Дева Сува Гора Долна Преспа
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Преспа (општина)