Мајкл Мекдоналд (; – ) — американски костимограф во 2009 г. номиниран за наградите „Тони“ и „Drama Desk“, за неговата работа на Бродвејскиот мјузикл „Koса“.

Мекдоналд е роден во Алентаун, Пенсилванија, САД. Во 1981 г. ја завршил гимназијата „Вилијам Ален“. Во 1984 година, тој се вклучува во Граѓанскиот театар во Алентаун. На Колеџот „Муленберг“ го слуша својот прв костимографски курс и потоа работи на неколку театарски претстави во училиштето. Во раните 1990 -ти, тој се сели во Њујорк,каде што работи на „The Ride Down Mt. Morgan“ (Бродвеј, 2000), „Козата“ или „Која е Силвија“? (Бродвеј, 2002) и "Изведи ме надвор" (Бродвеј, 2003). Во 2009 година, неговата работа на мјузиклот „Коса“ на Бродвеј му носи номинации за наградата Тони за најдобар костимограф и за наградата "Drama Desk" за извонредна костимографија .

Починал на 4 септември 2024 г. по кратко боледување, на возраст од 61 година.

Наводи

Категорија:Статии со hCards Категорија:Американски костимографи