Беливод (, Велос или Βέλας, Велас) — река во Населичко и Костурско, Егејска Македонија.
Извира од планината Горуша и тече со големи меандри на североисток, за на крај да се влее во Бистрица како нејзина десна притока. Десните притоки на реката доаѓаат од гребенските возвишенија на југ. Тече во живописна тесна долина со не многу стрмни падини, обраснати со дабови и грмушки. Главна притока е Чрчишка Река (Катинисти), која ги собира водите од околината на селата Бухин, Чрчишта и Либешево.
Беловод смета за начелна граница помеѓу Костурско на север и областа Населица на југ.
Поврзано Населица
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Горуша (општина) Категорија:Рупишта Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија) Категорија:Одре