Орден Света Мајка Тереза е орден на Република Македонија кој се доделува за промовирање на хуманоста, милосрдието и добротворноста на локално, регионално и глобално ниво. Овој орден, за разлика од сите други оредни и медали, не го доделува Претседателот на Република Македонија, како што е според Уставот, туку посебна Комисија. Одлики Иако овој орден се наоѓа во Законот за одликувања и признанија на Република Македонија, тој по својата природа е државна награда, бидејќи не го доделува Претседателот, туку надворешна комисија. Изгедот на орденот сѐ уште не е утврден, со што истиот не се доделува.
Криетриуми Орденoт Света Мајка Тереза се доделува на лица за особени достигнувања во ширењето на хуманоста, милосрдието, добротворноста, толеранцијата и соживотот кои даваат хуман придонес преку помагањето на болните, гладните, сираците, напуштените, луѓето отфрлени од општеството, обесправените, сиромашните, угнетените, бездомниците, бегалците, лица со особен социјален ризик и лица од други ранливи категории на локално, регионално и глобално ниво.
Орденот Света Мајка Тереза се доделува во пет ранга, во зависност од обемот, ефектот, влијанието и нивото на достигнувањето во областите и нивоата. 1. степен се доделува на лица за особени достигнувања каде што обемот, ефектот и влијанието на извршените достигнувања се од особено значење на глобално ниво. 2 и 3 степен се доделува на лица за особени достигнувања каде што обемот, ефектот и влијанието на извршените достигнувања се од особено значење на регионално ниво. 4 и 5 степен се доделува на лица за особени достигнувања каде што обемот, ефектот и влијанието на извршените достигнувања се од големо значење на регионално ниво. Комисија Комисија ја назначува Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има седум члена и тоа: Министерот за надворешни работи; Претставник на Католичката црква, на предлог на Католичката црква во Република Македонија; Два члена државјани на Република Македонија со висок авторитет во областите за кој се доделува овој орден, по еден на предлог на претседателот на Република Македонија и Македонската академија на науките и уметностите; Три члена државјани на странски држави со висок авторитет во областите за кој се доделува овој орден, на предлог на Министерството за надворешни работи.
Одлуките во Комисијата се носат едногласно.
Наводи
Одликувања и признанија
Македонија