мини|Еми Фик (1910) Еми Оскарија Шарлот Фик, родена Киландер (1876–1959) била шведски текстилен уметник, образовник и моден дизајнер. По завршувањето на образованието со студиски патувања во Италија, Франција и Германија, таа се вратила во Стокхолм каде работела со текстил во стоковната куќа „Нордиска Компаниет“. Додека била таму, таа се запознала со Елизабет Гланцберг, со која во 1910 година го основала Бригитасколан, кое не само што нудело курсеви, туку служело како модно студио каде може да се нарачува текстил. Отакако се раздвоиле со Гланцберг во 1914 година, Фик основала свој бизнис, кој го нарекла Санкт Бригитасколан. Од доцните 1920 -ти, компанијата станала позната по своите таписерии. По затворањето на претпријатието во средината на 1930-тите, Фик се преселила во Естерјетланд со нејзината голема колекција на чипки, облека и мебел што ги оставила во музејот Естерјетланд.
Биографија Била родена на 14 декември 1876 година во Стокхолм. Еми Оскарија Шарлот Киландер била најстарото дете на трговецот Пол Оскар Киландер и Едла Леонтина Шарлот Киландер, моминско Левин, која била од благородно потекло. Во 1921 година, таа се омажила за коњаничкиот офицер Емил Фредрик Фик, кој исто така се натпреварувал во мечување на Олимписките игри. Откако студирала во претпријатието „Пријатели на ракотворби“ околу 1900 година, таа започнала студиски патувања во Болоња, Фиренца и Рим, по што отпатувала во Франција и Германија да студира таписерија. Таа исто така поминала една година во Париз во модната куќа Ворт.
Додека работела со текстил во стоколмшката стоковна куќа „Нордиска Компаниет“, се запознала со Елизабет Гланцберг, која неодамна се вратила од Соединетите Држави, каде што водела текстилна установа во Бостон. Во 1910 година, тие заеднички го основале Биргитасколан или училиштето Биргита во центарот на Стокхолм. Нудејќи курсеви за шиење, везење и чипка, фирмата исто така ги задоволувала нарачките за долна облека, украсен текстил и килими.
Очигледно како резултат на нивното различно потекло, Гланцберг, која ги охрабрувалa жените да учат текстилна уметност за да можат да работат професионално, се разделила со Фик, чија обука била насочена кон жени кои сакаат да произведуваат текстил дома. Тие го поделиле бизнисот на две одделни фирми. Гланцберг го задржала името Биргитасколан додека Фик го нарекла своето Санкт Биргитасколан“. Фик нагласила дека облеката што ја произведувала се рачно изработени ракотворби дизајнирани за високата класа.
Во доцните 1920-ти и раните 1930-ти, Санка Биргитасколан создала голем број значајни украсни таписерии. Особено, во соработка со Осијан Елгстром, таа го создала Лејф Ериксон го открива Винланд) што било изложено на Светскиот саем во Чикаго во 1933 година. Фик го изложила својот вез, ткаени слики и текстил за домаќинство на разни меѓународни изложби. Во 1925 година, таа освоила и златен и бронзен медал на Меѓународната изложба на современи украсни и индустриски уметности во Париз.
Еми Фик ја затворила Санка Биргитасколан во средината на 1930-тите. Ги поминала преостанатите години во дворецот во Стролснес во Естерјетланд. Таа починала таму на 19 ноември 1959 година, оставајќи ја својата голема колекција на чипки, облека и мебел на музејот Естерјетланд.
Наводи
Категорија:Починати во 1959 година Категорија:Родени во 1876 година
Категорија:Модни дизајнери