мини|Семејното стебло на Луј III, војводата на Виртемберг (влад. 1568-1593 г.) мини|352x352пкс| Семејното стебло на „Ландите“, семејство од 17 век Родословие или генеалогија (од , „проучување на семејни стебла“) — проучување на семејствата, семејната историја и пронаоѓање на нивните родови. Производот од родословната работа се нарекува родослов. Родословите користат усни интервјуа, историски записи, генетска анализа и други записи за да добијат информации за едно семејство и да покажат сродство и потекло на неговите членови. Резултатите често се прикажуваат во семејни стебла или се пишуваат како наративи. Областа на семејна историја е поширока од родословието и не ја опфаќа само лозата, туку и семејна и историја и биографија на заедницата.

Записот за родословната работа може да се претстави како „родословие“, „семејна историја“ или „ семејно стебло“. Во тесна смисла, „родословие“ или „семејно тебло“ ги следи потомците на една личност, додека „семејната историја“ ги следи предците на една личност, но термините често се користат наизменично. Семејната историја може да вклучува дополнителни биографски информации, семејни традиции и слично.

Потрагата по семејна историја и потекло има тенденција да биде обликувана од неколку мотиви, вклучително и желбата да се издвои место за своето семејство во поголемата историска слика, чувство на одговорност да се зачува минатото за идните генерации и адоволство во точното раскажување приказни.Ronald Bishop, "In the Grand Scheme of Things: An Exploration of the Meaning of Genealogical Research," Journal of Popular Culture 2008 41(3): 393–412. Родословното истражување исто така се изведува за научни или форензички цели.

Преглед Родословите понекогаш се специјализираат за одредена група, на пример, шкотски клан ; одредено презиме, како на пример во студија со едно име ; мала заедница, на пример, едно село или парохија, како на пример едно место ; или одредена, честопати позната личност.

Родословите и семејните историчари честопати се приклучуваат на друштва за семејна историја, каде што почетниците можат да учат од поискусните истражувачи. Таквите општества генерално служат за одредена географска област. Нивните членови, исто така, можат да ги индексираат записите за да ги направат подостапни или да се вклучат во застапување и други напори за зачувување на јавните записи и гробишта. Некои училишта ги ангажираат учениците во такви проекти како средство за зајакнување на лекциите во врска со имиграцијата и историјата. Други придобивки вклучуваат семејна медицинска историја за семејства со сериозни медицински состојби кои се наследни.

Термините „родословие“ и „семејна историја“ често се користат синонимно, но некои ентитети нудат мала разлика во дефиницијата. Родословието може да се дефинира како „воспоставување педигре со вадење докази, од валидни извори, за тоа како една генерација е поврзана со следната“ и семејна историја како „биографска студија за родословно докажано семејство и заедницата и земјата во која живееле “.

Потрагата по семејна историја може да има повеќе мотиви, вклучително и желбата да се изгради место за своето семејство во поголемата историска слика, чувството на одговорност да се зачува минатото за идните генерации. Собирањето, систематизирањето и поврзувањето на семејните врски лежи во основата на создавањето на семјното стебло.

Наводи

Категорија:Сродство