Конгур (, Рупеско), наречен и Голем Конгур, Конгуро или Конгоре — врв на планината Беласица, на границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 1.951 м.

Местоположба Врвот се издига на главното планинско било, источно од врвот Пункова Скала и првенецот Радомир. Има хуполест облик со заоблени падини. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвата а кафеава шумска. Обраснат е со подалпска тревна растителност. Од североисточното подножје во месноста Гингеро извира реката Луда Мара. Врвот е воедно највисоката точка на резерватот Конгура. По неговото било минува државната граница меѓу Бугарија и Грција. На самиот врв има напуштена грчка караула која се забележува оддалеку. Врвот Конгур е обележан со граничната пирамида бр. 28.

Туризам Почнувајќи од 2008 г. секоја прва недела во мај туристичкото друштво „Калабак“ приредува масовно искачување на врвот од градот Петрич во рамките на програмата за градскиот празник Ѓурѓовден."Рекорд! 87 петричани от 4 до 80-годишни вкупом покориха връх Конгур", вестник Струма, 04.05.2010.

Искачување Искачувањето се врши од градот Петрич и планинарските домови „Беласица“ и „Конгур“.Беласица. До връх Конгур.

Занимливост По врвот е наречен ледникот Конгур (Kongur Glacier) на островот Смит од архипелагот Јужни Шетландски Острови на Антарктикот.

Поврзано Конгура — резерват околу врвот Радомир (врв) — соседен врв

Наводи

Надворешни врски Погледи од врвот Конгур Слики од врвот Конгур — слика од врвот во 360°

Категорија:Врвови во Пиринска Македонија Категорија:Врвови во Егејска Македонија Категорија:Врвови на Беласица Категорија:Општина Петрич Категорија:Синтика Категорија:Бугарско-грчка граница