Зоре Мисајлев Николоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од селско семејство, кое претежно се занимавало со земјоделство. Како активен младинец, во пролетта 1943 година станал член на СКОЈ, а во месец април со повеќе свои другари заминал за Лопушник со првите партизани од селото во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во нападот на возот на Пресека и нападот на Карабинерската станица во селото Сливово. Во втората половина на јули 1943 година, кога Одредот во селото Карбуница бил нападнат од силни балистички сили, Зоре со повеќе другари преминал на територијата заземена од Бугарите, каде бил откриен и затворен во Битола. По пуштањето од затвор, дошол во селото во 1944 година и повторно се вклучил во единиците на НОВ. Есента 1944 година, тој заминал во Сремскиот фронт и бил комесар на чета. Загинал при пробојот кај Гарешница (старо име: Кајгана) во борба против Германците, во април 1945 година.
Поврзано
Мисајле Николоски - татко на Зоре Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Затвореници во Бугарија