Петреќија Постолов Стефаноски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од земјоделско семејство. Како младинец имал чести контакти со позадински работници, а посебно со Мирко Милески од Попоец. Бил член на воспитната група во селото и летото 1943 година заминал партизан во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Во почетокот вршел курирска работа. Во септември 1943 година, од слободно Кичево доброволно заминал со Мирко Милески да ја брани слободната територија на Буковиќ каде загинал во нерамна борба со многубројниот фашистички непријател и балистите, на 1 октомври 1943 година.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Починати во Буковиќ (планина) Категорија:Учесници во НОБ