Дејан Стојанов Стојаноски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделие и сточарство. Како напреден младинец, уште од почетокот станал симпатизер на народно ослободителното движење. Во текот на 1942 година учествувал во штрајкот на патарските работници во селото Извор, а во пролетта 1943 година, тој станал партизан со својот татко Стојан. Со Одредот, тој влегол во слободно Кичево во септември 1943 година. Од Кичево, заедно со повеќе свои другари ѝ својот татко, заминале со четата на комесарот Мирко Милески како претстража на слободната територија на Буковиќ каде загинале во борба против Германците и балистите, на 1 октомври 1943 година.
Поврзано
Стојан Стојаноски Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Починати во Буковиќ (планина) Категорија:Учесници во НОБ