Мајк Мењан (роден на во , Француска Гвајана) — француски професионален фудбалер кој настапува за ФК Милан, во италијанската Серија А, на позиција голман и за Фудбалската репрезентација на Франција.
Мењан се развил преку академијата на ПСЖ, но никогаш не заиграл за првиот тим. Во 2015 година, тој се приклучи на Лил за 1 милион евра и станал прв избор во 2017 година. Тој бил избран за голман на годината во Лига 1 во годината 2018–19, и ја освоил титулата во лигата во сезоната 2020–21. Потоа се преселил во Милан за 15 милиони евра, освојувајќи ја Серија А во својата прва сезона и станал дел од Тимот на сезоната. Рани години
Мајк Мењан е роден во , Француска Гвајана, од мајка по потелко од Хаити и татко од ФранцијаCJSS - Le Franco-Haitien Mike Maignan : « Je veux devenir le numéro 1 au PSG (Franco-Haitian Mike Maignan: "I want to become PSG's number 1") .
Клупска кариера Париз Сен Жермен
Мењан настапувал во пониските категории на Париз Сен Жермен, пред да биде промовиран во 2013 година во првиот тим. Учествувал во Младинската лига на УЕФА 2013–14 во која неговиот тим стигнал до четврт-финалето, и бил елиминиран од Реал Мадрид.
Во јуни 2013 година, Мењан го потпишал својот прв професионален договор, во траење од три години. На 18 декември, тој за прв пат бил во составот на еден натпревар, во победата од 2-1 над Сент-Етјен во осминафиналето на Купот на Ла Лига. На 19 јануари 2014 година, тој бил вклучен во натпревар од Лига 1 за прв пат, останувајќи на клупата во победата од 5–0 над Нант на Паркот на принцовите.
Лил
Во август 2015 година, Мењан потпишал за ФК Лил за 1 милион евра со петгодишен договор. Тој го направил своето професионално деби на 18 септември во ремито 1-1 против Рен, како замена откако Винсент Енјама бил исклучен во 69 минута. Во својот прв допир, тој одбранил пенал, но по пет минути, тој примил гол од истиот играч.
На почетокот на сезоната 2017–18, во вториот натпревар од сезоната во загубата од 3:0 во Стразбур, тој бил исклучен затоа што ја исфрлил топката кон противникот. Следната сезона, тој постојано бил избор број еден голман а Лил завршил како вицешампион. Самиот Мењан бил избран за голман на годината. Неговиот рекорд бил 30 примени голови, 17 чисти, 233 одбрани и три одбранети пенали.
Во периодот 2020–21 година, Мањан ја освоил титулата во Лига 1, завршувајќи ја сезоната со 21 чисти мрежи, една помалку од рекордот во лигата.
Милан
На 27 мај 2021 година, Мењан се согласил да потпише за италијанскиот клуб од Серија А, Милан на петгодишен договор, кој започнал да важи од 1 јули . Дебитирал на 23 август, во победата од 1:0 против Сампдорија.
Меѓународна кариера
Мањан настапувал за Франција на секое ниво од под 16 години до 21 година. Тој бил капитен на репрезентацијата до 17 години на Европското првенство во Словенија 2012 година. Тој го имал својот прв повик во мај 2019 година, пред квалификациите за УЕФА Евро 2020 против Турција и Андора и пријателскиот натпревар со Боливија. Тој дебитирал на 7 октомври 2020 година како замена за Стив Манданда на полувреме на пријателскиот натпревар против Украина, кој завршил со победа од 7-1 на „Стад де Франс“. Во мај 2021 година, тој бил повикан за Евро 2020.
Статистика
+ Appearances and goals by club, season and competitionКлубСезонаЛигаНационален куп Лига купЕвропаВкупноЛигаНат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.ПСЖ Б2012–13CFA20———202013–14CFA190———1902014–15CFA210———210Вкупно420———420Лил II2015-16CFA 280———802016-17CFA20———20Вкупно100———100Лил2015-16Лига 1400010—502016-17Лига 1704010—1202017-18Лига 13401010—3602018-19Лига 13803010—4202019-20Лига 12803000603702020–21Лига 138020—80480Вкупно1490130401401800Милан2021–22Серија А32040—303902022–23Серија А22000—702902023–24Серија А0000—0000Вкупно5404000100680Вкупно2550170402403000
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски голмани Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026