Стојан Китанов Тасески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со сточарство и земјоделие. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во септември 1944 година во Првата македонска бригада. Со Бригадата, тој учествувал во завршните борби за ослободувањето на Кичево и Гостивар, а потоа во составот на Четириесет и осмата дивизија. Загинал на Сремскиот Фронт во борба против Германците, во близината на Винковци во април 1945 година.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ