Стојан Лалев Трајаноски (на споменикот е запишан како Стојан Трајкоски) ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|280x280пкс|Споменик на борците од НОВ на Македонија во Светораче, меѓу кои е запишан ѝ Стојан но со презиме Трајкоски.
Животопис Претежно се занимавал со земјоделие. Бидејќи бил определен за борба против фашистичкиот окупатор, го помагал народно ослободителното движење. Во текот на 1943 година, тој бил малтретиран од балистите, што уште повеќе ја засилило вербата во КПМ чиј член станал и тој. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во летото 1944 година, во редовите на Првата македонска бригада. Со бригадата, тој учествувал во завршните борби за ослободување на Западна Македонија, а потоа заминал на Сремскиот Фронт, каде бил убиен при пробојот на фронтот кај Врпоље во април 1945 година. Во борбите се истакнал како храбар борец.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ