„Сталинград“ — руски филм од 2013 година, во режија на Фјодор Бондарчук. Главните улоги ги толкуваат: Петар Фјодоров, Алексеј Барабаш, Андреј Смољаков, Томас Кречман, Јанина Студилина и Хајнер Лојтербах.

Синопсис За време на Сталинградската битка, германската војска го зазема едниот брег на Волга, а по неуспешниот обид да ја преминат реката и да извршат контраофанзива, советската војска е принудена на повлекување. Сепак, неколкумина војници успеваат да се префрлат на брегот што го држат Германците. Бидејќи се малкумина, тие се кријат во една куќа крај брегот, а таму ја запознаваат девојката која не ја напуштила линијата на фронтот, а германските војници се вселиле во нејзиниот дом. Така, во екот на војната се раѓа љубов, а од тој миг, војниците имаат само една цел — по секоја цена да ја заштитат девојката...РТС, Стаљинград (пристапено на 2.1.2021)

Наводи

Категорија:Руски филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Волгоград Категорија:Филмови за Сталинградската битка Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Филмови од 2013 година Категорија:Филмови на Фјодор Бондарчук Категорија:Филмови со Андреј Смољаков Категорија:Филмови со Томас Кречман Категорија:Филмови со Јанина Студилина Категорија:Филмови со Хајнер Лојтербах Категорија:Филмови со Петар Фјодоров Категорија:Филмови со Алексеј Барабаш