Свети Илија — главна селска црква во неготинското село Вешје, Македонија.

Црквата се наоѓа надвор од самото село, со срушен покрив и целосно во разрушена состојба. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата се наоѓа на височинка над селото, до која се пристапува по земјен пат од самото село.

Историја

Нема податоци кога точно е подигната црквата, но се претпоставува дека е во втората половина на век.

Архитектура

Црквата претставува трикорабна градба. Има отворени тремови на јужната и западната страна, а од истите тремови има и влезови за во црквата.

Фрескоживопис

Црквата е целосно фрескоживописана.

Иконостас

На парапетната табла од иконостасот има запис на кој пишува „Из руки Глигур Петревич зог/раф/дебрели се/ло/Тресанче 1878“. Овој запис веројатно се однесува на авторството на иконите на иконостасот, а исто така и на фреските во црквата. Според други извори, иконите потекнуваат од 1879 година насликани од Петре Пачаров, ученик на Дичо Зограф.

Иконите од црквата се водат како културно наследство според Националниот конзерваторски центар. По разрушувањето на црквата, иконите биле чувани во старото училиште во селото, а во 2019 година биле преземени од страна на Музејот на град Неготино.

Галерија

Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Демиркаписка парохија Вешје

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Вешје Вешје Категорија:Дела на Дебарската школа