Свети Атанасиј – црква во селото Градешница. Се среќава и како манастирска црква.

Местоположба Црквата се наоѓа на неколку километри северно од селото, на ридот Атанасица којшто ѝ дава доминантна положба во однос на селото.

Историја Црквата била изградена во 1980-тите години и долги години била во лоша состојба. Во периодот 2011-2012 била препокриена и ставена во заштита на Општина Новаци.„Градешница. Мој Роден Крај.

Архитектура Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто исто така има празна ниша. До северниот ѕид е доградена затворена припрата со дрвени ѕидови. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконоастасот е во изработка. Објектот е изграден од варовник и во целост е покриен со кров од ќерамиди.

Галерија

Поврзано Бренски манастир Црква „Св. Илија“ - Градешница Црква „Св. Димитриј“ - Градешница Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница Црква „Св. Никола“ - Градешница Црква „Вознесение Христово“ - Градешница Црква „Св. Антониј“ - Градешница Градешница Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Старавинска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градешница Градешница