„Крај Вардара високи баири“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некои си комити да го преминат Вардар и преку Гевгелиско, да се искачат на Ниџе за да водат бој. Песната има ајдутски и родољубив карактер.

Текст -Крај Вардара високи баири, леле крај Вардара високи баири.

Крај баири зелени ливади, леле крај баири зелени ливади.

Јули ваби млади Македонци, леле в' раце држат пушки малихери.

Напред стои нијниот војвода, леле војводата тихо им говори.

Ваја вечер Вардар ќе газиме, леле втора вечер Гевгелиско Поле.

Трета вечер у Ниџе планина, леле там' се бијат наши мили браќа.

Надворешни врски Крај Вардара високи баири (текст и музика) на pesna.org (Архивирана верзија)

Категорија:Македонски родољубиви песни Категорија:Македонски ајдучки песни Категорија:Песни кои го споменуваат Вардар Категорија:Песни кои го споменуваат Ниџе Категорија:Песни за Гевгелиско