Тасе Колев Трајаноски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од селско сиромашно семејство. Се занимавал претежно со земјоделие. Во Народноослободителната војска на Македонија, тој стапил во август 1944 година, а со основањето на Шестата македонска бригада, тој бил распореден во неа. Со Бригадата, тој учествувал во повеќе борби во Западна Македонија: Охрид, Кичево, Крушево и други места, а потоа ги продолжил борбите на Сремскиот фронт каде загинал во борба против Германците, во април 1945 година кај Славонска Пожега.

Поврзано

Стојмир Трајаноски Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ