Дафне е најрано дело што, според современите стандарди, може да се смета за опера. Либретото од Отавио Ринучини е целосно зачувано; а претежно изгубената музика е компонирана од Јакопо Пери, но барем два од шесте зачувани фрагменти се од Јакопо Корси. Дафне прво била изведена за време на карневалот во Палацо Корси во 1598 година.Edmond Strainchamps, "Corsi, Jacopo" in New Grove.

Историјат Дафне е напишана за многу помал ансамбл од оперите на Клаудио Монтеверди (изведени за релативно кратко време по Дафне); и бил сочинет од чембало, лаута, виола, архилаута и три флејта.  Пери во операта вклучил рецитативи и мелодичен говор вметнат во музика, како централен дел на операта.Jacopo Peri – Dafne page

Се раскажува за Аполон кој се вљубил во нимфата Дафне. Операта е напишана за елитен круг хуманисти во Фиренца - Фиорентинска Камерата, меѓу 1594 и 1597 година, со поддршка, а можеби и соработка, од композиторот и покровител Јакопо Корси. Обидот за заживување на грчката драма, според современите учења, бил непретпознатлив за старите Грци.

Поголемиот дел од музиката на Пери е изгубена, и покрај популарноста и славата во Европа во времето кога била компонирана, но либретото од 455 стихови е отпечатено и е зачувано. Семејството Медичи кое владеело со Фиренца тоа време, било воодушевено со Дафне и дозволило следното дело од Пери, Евридика, да се изведе како дел од свадбата на Марија де Медичи и Хенри IV во 1600 година.

Наводи

Категорија:Опери Категорија:Италијански опери Категорија:Изгубени опери Категорија:Опери од XVI vek Категорија:Пасторални опери