Кравјо виме (лат.Lactifluus vellereus (порано Lactarius vellereus ) е прилично голема габа од родот Млечки (печурки) Таа е една од двете најчести млечни печурки пронајдени со букови дрвја, а другата е Lactarius subdulcis.

Таксономија и систематика Кравјо виме е еден вид од неколкуте северно умерени печурки со млечни шапки кои припаѓаат на родот Lactifluus кој е одвоен од Млечки (печурки) на филогенетска основа. Неговиот најблизок вид е L. bertillonii, со кој формира прилично изолиран клад во родот.

Опис Како и другите печурки од семејството Russulaceae, Кравјо виме плодното тело на кравјо виме има ронливо, наместо фиброзно месо, и кога е скршено,печурката испушта млечен латекс. Зрелите шапки се бели до крем, во облик на инка и до 30см. во пречник. Има цврсто месо, а дршката што е пократка од телото на плодот е широка. Нејзините жабри се прилично оддалечени (доста далеку), декурентни, и тесни, и имаат кафена дамка од млекото кога се сушат. Отпечатокот на спорите е со бела боја.

Lactifluus bertillonii е тесно поврзан и многу сличен, но има полуто млеко. Друг сличен, но филогенетски далечен вид е Lactarius controversus, кој се разликува главно по неговите бели жабри и недостатокот на розови шари на горната капа.

Распространетост и живеалиште лево|мини| Кравјо виме во поле. Печурката се наоѓа во листопадни шуми, од крајот на летото до почетокот на зимата.Ја има во Британија и Европа.

Јадливост Млекото само по себе има благ вкус, но луто е кога се вкусува заедно со месото. Се смета дека не може да се јаде поради неговиот вкус на лута пиперка.

Поврзано Список на видови Млечки (печурки)

Наводи

Надворешни врски

vellereus Категорија:Габи на Македонија Категорија:Габи Категорија:Млечки (печурки) Категорија:Нејадливи габи Категорија:Габи на Европа