мини|десно|250п|Врвови од противоклопни стрели (XII - XIV век). Кула — археолошко наоѓалиште во охридското село Годивје, Општина Дебрца. Претставува опидум (утврдена населба) од хеленистичко време, доцната антика и средниот век.

Местоположба Месноста Кула лежи 0,5 км западно од селото. Тоа е тераса со висина од 70 м, јазичесто издадена меѓу две длабоки бразди — меѓу Годивска Река на север и Жмерница на југ. Лесно е пристапна од запад, каде што преку мало седло преминува во масивот на Славеј Планина. Има голем преглед околу, cи до патот Охрид — Кичево и до долината на Сатеска 3 км на исток и планинскиот превалец.

Опис Повисокиот западен дел бил издвоен со внатрешен ѕид во малечка акропола, на чие што чело стоела издадена кула (оттука и името). Споменатиот врв претставува утврдено место со остатоци од бедем граден од кршен камен и варов малтер. Темелите на кулата се сложени од големи камени блокови, кои можеби потекнуваат од хеленистичко време.

Наоди Антика Ретки парчиња од грнчарија и една најдена фибула потекнуваат од хеленистичко време. Во доцноантичко време било изградено обѕидие со малтер околу простор голем 230 × 50 м (1 ха). Најдени се парчиња од ковано железо (клинци, кламфи, алатки, врвови од стрели и др.). Стари рудници и траги од преработка на железна руда се регистрирани на повеќе места на планинските падини југозападно од Кула.

Среден век На Кула се утврдени и парчиња од словенски црепни, а меѓу железните врвови за стрели има повеќе примероци за пробив на оклоп, типични за развиенот среден век. Несомнено е дека со оживувањето на рударството во Дебрца во тоа време и борбите помеѓу Византија и Србија околу овој регион (1329/30 г.), старата крепост кај Годивје била повторно користена. Траги од нови ѕидарски работи нема и ова упориште најверојатно било користено само повремено. Во документите од тоа време местово не е забележано.

Поврзано Војо — населба од средниот век Горица — цркви од средниот век Св. Спас - Црквиште — сакрален објект од средниот век Трумени Гумења — црква од средниот век Черенец — населба од неолитот

Наводи