Пуст Манастир — археолошко наоѓалиште во охридското село Горенци, Општина Дебрца. Претставува црква од раниот среден век.
Се наоѓа околу 1 км источно од селото, на средината на западните височини на Вишовска Планина. На мало зарамнето плато се забележуваат остатоци од мала сакрална градба - групации на камења, бигор и фрагменти од покривни ќерамиди.
Според преданието кај жителите, на овој простор се наоѓал голем манастирски комплекс уште пред доаѓањето на Турците.
Поврзано Горенци — вила рустика од римско време Тигари — населба од римско време Требеништа - Сува Чешма — некропола од железното време
Наводи