Бело Гумно или Црква — археолошко наоѓалиште во охридското село Ново Село, Општина Дебрца. Претставува црква од средниот век.
Се наоѓа на околу 3 км северозападно од селото. Во северниот дел од просторот се забележуваат урнатини од градби меѓу кои најзабележливата е градена од поголеми блокови на кршен камен и е со насоченост исток-запад. Се претпоставува дека се работи за остатоци од црква.
Поврзано Лаишта — гробница од римско време Црква — црква и некропола од средниот век
Наводи