Таан-алва — познат блискоисточен десерт чии главни состојки се таан, шеќер, ванила. Според видовите, во него се додаваат какао, ф'стаци, мастики, мед и ореви. Откриена е пред 700 години во Денизли од Хасан Басри ефенди. Во последните години наместо шеќер во индустријата за таан-алва се користат сирупи од пченка со висока содржина на гликоза и ниска содржина на фруктоза, разни адитиви (концентрирани белковини од соја и растителни влакна) кои ги врзуваат мастите и белковините.

Подготовка Таан-алвата се состои од таан, шеќер и вода. Шеќерот и водата се варат. Идеално е точката на вриење да биде околу 145 степени Целзиусови. Се додава лимонска киселина. Се вари. Се додава гипсофила со вода и се гледа белење. Се добива конзистентност на восок. Таанот и восокот се мешаат. Се додаваат додатоците кои се посакуваат како лешници и кикирики. Се меси, обликува и се лади.

Наводи

Категорија:Алва Категорија:Турска кујна Категорија:Македонска кујна Категорија:Балканска кујна Категорија:Турцизми