Пирчишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Свиништа. Претставува населба од неолитот и тврдина од средниот век.

На околу 4 км југозападно од селото и северно од Прентов Мост има рид со зарамнет врв на кој се наоѓаат остатоци од утврдување со површина од 35 × 25 м. Ѕидовите се привидно широки и не може да им се одреди точната ширина. На површината има многу фрагменти од покривни ќерамиди, кршен камен и варов малтер, а на одделни места и дупки од диви копачи.

На југоисточната падина од ридот се среќаваат фрагменти од керамички садови од неолитското време.

Поврзано Дабје — средновековна црква Долиште — населба и топилница од доцноантичко време Манастириште — раносредновековна црква

Наводи