Црна Пеш или Крстон Заб — археолошко наоѓалиште во охридското село Трпејца. Претставува населба од неолиотот.

На околу 700 м јужно од селото, на брегот на Охридското Езеро, во подножјето на ридот Осој што се спушта стрмно кон езерските води се наоѓа Црна Пештера. Таа има мал и низок влез, долг околу 3 м, кој кон внатрешната страна се шири во сала со димензии од 10 × 5 м. Просторот на влезот е раскопан од диви копачи и притоа биле откриени фрагменти од керамички садови од неолитското време.

Поврзано Глајшо - Селиште — средновековна населба Градиште - Осој — средновековна тврдина Заум — осамени наоди од старохристијанско време и средновековна населба Кале — населба од доцноантичкото време

Наводи