Завист — емоција која се јавува кога една личност ќе почувствува дека не поседува одредена супериорна одлика, достигнување или предмет кои ги има друго лице или група, и или сака да ги има или посакува другиот да ги нема.

Аристотел зависта ја дефинирал како болка од гледање на туѓата среќа, поттикната од „оние што го имаат она што ние треба да го имаме“.Rhetoric By Aristotle Бертранд Расел рекол дека зависта е една од најмоќните причини за несреќа.

Видови на завист Во холандскиот јазик се прави разлика помеѓу „добронамерна завист“ (benijden на холандски) и „злонамерна завист“ (afgunst), но не сите се согласуваат дека тие треба да се третираат како посебни емоции. Злонамерната завист се смета како непријатна емоција при што завидливата личност посакува патење на другата личност, не водејќи притоа сметка за цената која би ја платиле за тоа. Добронамерната завист е признавање и прифаќање дека другиот е подобар, но ја поттикнува личноста да се стреми да бидат исто толку добри. Добронамерната завист е сè уште негативна емоција затоа што ја тера личноста да се чувствува непријатно.

Шери Туркл смета дека појавата на социјалните мрежи и селфи културата создаваат чувство на „самозавист“ кај корисниците. Зависта и ситењето имаат паралелни структури како емоции.

Надминување Зависта негативно влијае на блискоста и задоволството на односите со луѓето. Надминувањето на зависта е слично со справувањето со други негативни емоции (лутина, огорченост, итн.). Лицата кои чувствуваат гнев често бараат професионална помош (управување со гневот) за да разберат зошто така се чувствуваат и како да се справат. Оние кои чувствуваат завист имаат искривена перцепција за тоа како да постигнат вистинска среќа. Ако успеат да ги променат овие перцепции, завидливите луѓе ќе можат да го сфатат вистинското значење на среќата и задоволството од она што го имаат.

Религиозни погледи

Во будизмот Во будизмот, терминот иршја најчесто се преведува како завист или љубомора. Иршја е дефинирана како состојба на умот во која некој е занесен да се стекне со богатство и чест, но не може да ја трпи одличноста на другите.

Терминот мудита (сочувствување на радост) се дефинира како радување за среќата на другите. Оваа доблест се смета за противотров на зависта и спротивна на ситењето.

Во христијанството Во Стариот и Новиот завет има различни описи на зависта и настани поврзани со неа.

Зависта е еден од седумте смртни гревови. Според Битието, зависта го натерала Каин да го убие својот брат Авел, затоа што Каин му завидувал на Авел дека Бог ја предпочитал жртвата на Авел пред неговата.

Зависта се смета дека лежи во основата на напорниот труд и стекнатите вештини кај луѓето. На пример, луѓето ќе одберат занимања со кои би можеле да стекнат богатство, слава и задоволства да ги достигне или своите соседи. Зависта е затоа грев длабоко вкоренет во човечката природа. Се јавува кога на човекот му недостигаат некои работи, околност што се јавува кога Бог не му ги дарувал или кога дарбата од Бога била искористена за сопствени себични страсти и задоволства.James 4.1-2-3

Зависта може да се чувствува поради богатството (Филистејците му завидувале на Исак), сјајот на богатството, моќта и убавината (Другите кралства му завидувале на Кралството Асирија), политичкиот и воениот подем (Саул му завидувал на Давид од моментот кога ја слушнал женската песна на радост), плодност (Рахела ѝ завидувала на Леа), социјален подем (на Јосиф му завидувале неговите браќа), бројни чуда и исцелувања (на апостолите им завидувале првосвештеникот и садукеите), популарност (неверните евреи од Антиохија им завидувале на Павле и Варнава), доблести и вистинска моќ да лекува, да прави чуда и да ги поучува луѓето (првосвештениците му завидувале на Исус).

Ослободувањето од завист е најважен услов на патот кон спасение. Апостол Павле ја гледа зависта како вистинска опасност, дури и кај првите христијански заедници. Според зборовите на апостол Павле, зависта како грев треба да остане во минатото, поразена од Божјото слово, кое во десеттата заповед забранува да се посакуваат работите на ближниот, жената и слугите, и поттикнува да се радуваме со оние кои се радуваат и да плачеме со оние што плачат и да ги сакаме ближните како себеси. Затоа што братската, христијанска љубов засекогаш ја исфрла зависта од срцата.

Во исламот Во исламот, зависта (на арапски: Хасад حسد ) е нечистотија на срцето и може да уништи нечии добри дела. Човекот мора да се задоволи Божјата волја и да верува во правдата на Создателот.

Мухамед рекол: „Не завидувајте си меѓусебе, не мразете се, не се спротивставувајте еден на друг и не прекинувајте ги односите, туку бидете слуги на Аллах како браќа. Не е дозволено муслиман да се одвои од брат му повеќе од три дена, на начин што кога ќе сретнат едниот го игнорира другиот, а подобар е оној што ќе го иницира селамот“. Сахих ал-Бухари, Сахих Муслим.

Муслиманот може да си посака благослов каков што има некој друг, без да сака да му се одземе на другиот. Ова е дозволено и не се нарекува Хасад, а се нарекува гибта.

Поврзано Љубомора Седум смртни гревови Огорченост Самозавист Злоба Завист кон пенис Натпреварување

Наводи

Категорија:Седум смртни гревови Категорија:Чувства