Манастир Св. Атанас — археолошко наоѓалиште кај гевгелиското село Кованец. Претставува населба од железното време и доцната антика.
На околу 1,5 км северозападно од селото, на десниот брег на Кованска Река, а во непосредната близина на манастирот „Св. Атанас“ се пронајдени фрагменти од керамички садови со груба фактура (железновременски), како и фрагменти од питоси, тегули, имбрекси и многуброен градежен материјал.
Поврзано Гробишта — населба и некропола од доцнантичкото време Гроздени Дупки — населба од железното време Ѓурова Нива — населба од доцнантичкото време Лешките — населба од доцнантичкото време Мучарад - Дубрава — сакрален објект од средниот век Чешмата — населба од доцноантичкото време
Наводи