Градиште (познато и како Манастириште) — градиште од доцноантичко време. На околу 7 километри од градот Пехчево, на десниот брег на Брегалница, на висок рид со доминантна положба се гледаат ѕидови од одбранбен бедем на тврдина. Бедемот оградува простор од околу 200 × 150 метри што е обраснат со букова шума. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди, множество градежен материјал, како и урнатини од повеќе објекти. Биле најдени монети и жлезни предмети.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Буковиќ — населба од доцноантичко време; Во Реката — рудник од доцноантичко време; Манастир — старохристијанска црква; Рудиште (или Раковец) — доцноантичка и средновековна рударска населба; и Селиште — населба од доцноантичко време.

Наводи

Категорија:Пехчево