Св. Атанас — археолошко наоѓалиште кај виничкото село Лески. Претставува населба од римско време и црква од средниот век.

На 300 м североисточно од селото, на површина од 6-7 декара се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал (покривни ќерамиди и подни тули). Во средишниот дел на населбата, на подигнато плато жителите откриле темели од еднокорабна црква со димензии од 22 × 10 м. Во темелот на северниот ѕид е вградена база од столб.

Поврзано Ореово — населба и некропола од римско време Свети Јован Опсеча — црква од средниот век

Наводи