Ливади или Огради — археолошко наоѓалиште кај светиниколското село Лозово, Општина Лозово. Претставува населба од неолитот и римско време.
Во непосредната близина на мотелот „Џумајлија“, со изградбата на винарската визба „AK Џумајлија“ делумно е уништена населба. Во преостанатиот дел на просторот на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, по бојата и фактурата слични на оние од населбата Барутница во Амзабегово (IV), како и фрагменти од римска керамика и питоси.
Поврзано Старо Село - Ќоочун — населба од неолитско време
Наводи