„Патување на местото на несреќата“ (хрватски: Putovanje na mjesto nesreće) – хрватски филм од 1971 година, во режија на Звонимир Берковиќ. Главните улоги ги толкуваат: Ана Кариќ, Раде Шербеџија, Емил Кутијаро, Наташа Маричиќ, Стево Жигон, Звонимир Рогоз, Вера Орловиќ, Зденка Хершак и Инге Апелт. Ова е вториот игран филм на Берковиќ, кој претставува модерна психолошка анализа на вечната тема на односот на ерос и танатос, а за успехот на филмот придонесуваат и фотографијата на Александар Петковиќ и ефектната музика на Алфи Кабиљо кој дебитирал токму во овој филм.HRT, Putovanje na mjesto nesreće, hrvatski film (пристапено на 5.11.2021)
Синопсис Еден ден, младата Јелена (ја игра Кариќ) дознава од непознатото момче Влатко (го игра Шербеџија) дека нејзиниот сопруг е тешко повреден во сообраќајна несреќа и дека лежи во болницата во Сплит. Според неговите зборови, животот не нејзиниот сопруг не е во опасност, но тој не сака да го посети Јелена, туку неговата љубовница. Всушност, дури тогаш Јелена дознава дека нејзиниот сопруг има љубовница и тоа сознание ја исфрла од рамнотежата, па таа ја бара утехата во својот поранешен сопруг Нино (го игра Жигон), а потоа и кај својто татко Виктор (го игра Кутијаро), кој во минатото бил влијателен политичар, а сега е сместен во старечки дом. Меѓутоа, наместо утеха, разговорите со Нино и Виктор дополнително ја вознемируваат Јелена, па нејзината сосотјба само се влошува. Кога ќе сфати дека Влатко ѝ се додворува и кога тој ќе ѝ признае дека е вљубен во неа, Јелена го прифаќа неговото додворување. Меѓутоа, Влатко е површен и користољубив така што односот со него ја турка Јелена кон уште поголеми проблеми... Наводи
Категорија:Хрватски филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на хрватски јазик Категорија:Филмови од 1971 година Категорија:Филмови на Звонимир Берковиќ Категорија:Филмови со Ана Кариќ Категорија:Филмови со Раде Шербеџија Категорија:Филмови со Емил Кутијаро Категорија:Филмови со Наташа Маричиќ Категорија:Филмови со Стево Жигон Категорија:Филмови со Звонимир Рогоз Категорија:Филмови со Вера Орловиќ Категорија:Филмови со Зденка Хершак Категорија:Филмови со Инге Апелт Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Загреб