Кромвел е драма од Виктор Иго, напишана во 1827 г. Драмата е создадена под влијание на литературниот кружок на Иго, кој се сметал како романтичарски и како модел-драматург го следеле Шекспир наместо класичарите Жан Расин и Пјер Корнеј (кои биле поддржани од Француската Академија).
Поради должината од 6920 стиха, и логистичките проблеми со апсурдно големиот број ликови во драмата на Иго, претставата не била изведена до 1956 година. Се раскажува за чувствата на Оливер Кромвел кога му била понудена англиската круна. Позната е по предговорот, кој денес се смета за манифест на романтичарското движење .
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Книги од 1827 година Категорија:Дела на Виктор Иго Категорија:Драми од Виктор Иго Категорија:Драми од 19-ти век