Шамак — археолошко наоѓалиште кај скопското село ’Ржаничино, Општина Петровец. Претставува населба од неолитот.

Источно од селото, покрај стариот пат Скопје - Катланово (Р1102) и источно од фармата на ЗИК „Скопско Поле“, на блага височинка оштетена со поставувањето на трасата на патот, како и со насипувањето на земја за новата траса на автопатот, се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и кремени орудија и друго.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопско

Наводи