Латина — археолошко наоѓалиште кај скопското село Брњарци, Општина Гази Баба. Претставува некропола од римско време.
На 2 км јужно од селото, на десната страна од патот што води за селото, на простор од 50 × 50 м се гледаат остатоци од римски надгробни стели. Од ова наоѓалиште потекнуваат и повеќе монети што се чуваат кај мештаните.
Поврзано Ирма — населба од римско време Кале — населба од раната антика, доцната антика и средниот век Тумба — населба од неолитско време
Наводи